| четврток, 6 декември 2018 |

ФДИ: Економските зони во Македонија се топ бизнис дестинации за инвестиции

fdi-600x428

Најповолен за инвеститорите во Европа е охридско-струшкиот регион, кој е рангиран на прво место, според рангирањето кое го изврши магазинот ФДИ. Истото рангирање покажало дека на високо место се и скопскиот и штипскиот регион.

Ова рангирање покажува дека Македонија е препознатлива бизнис дестинација, а по тој повод на 12 овој месец магазинот ФДИ во Кан ќе додели и награда на Македонија.

– Македонија е земја која поседува низа погодности, можности, поволни услови, квалитетна работна сила, кооперативен бизнис сектор, но и успешна промотивна стратегија за што најдобар показател е бројот на СДИ, односно компании кои инвестирале или ги најавиле своите инвестиции – вели директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, кој се очекува да присуствува во Кан на доделувањето на наградата.

– Во сите овие регион Македонија има лоцирано технолошко-индустриски развојни зони. Тие се интересни за инвестоиторите заради тоа што се инфраструктурно решени, што значи дека компаниите можат веднаш да почнат да градат – вели Мизо.

Во рангирањето на магазинот ФДИ, Македонија котира повисоко од сите земји во регионот, Србија, Бугарија, Романија. Ова, според Мизо, ќе помогне земјата да привлече поголем број странски компании.

Повеќе на економски.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top