| четврток, 6 декември 2018 |

Седница на ДИК за предвремените парламентарни избори

dik-8

Државната изборна комисија денеска треба да го усвои предлог-роковникот за извршување на изборните дејства за спроведување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонијa, закажани за 27 април, на вториот круг од претседателските избори.

На дневен ред на оваа седница се и предлог-одлуката за важење и применување на обрасците за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, предлог-образец за Договор за коалицирање, предлог-образец за Записник од влечење ждрепка и предлог – образец за Посебен записник (ДКП).

Членовите на ДИК ќе ги разгледуваат и барањата за разрешување претседател, членови и нивни заменици од Општинските изборни комисии, а треба да се изврши и случаен избор за именување на претходно разрешените претседатели, членови и нивни заменици во Општинските изборни комисии.

Треба да биде донесена и одлука за утврдување на бројот на избирачкото место за гласање на членовите на Избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top