| четврток, 6 декември 2018 |

Д`Антони: Клиперс намириса крв и нѐ декласира

Мајк Д`Антони ќе остане запишан во историјата на Лос Анџелес лејкерс, но во негативна конотација како предводник на тимот што го забележи највисокиот пораз во клупската историја. Ноќеска „езерџиите“ загубија со 48 поени разлика, а поразот е уште поболен бидејќи е забележан во дуелот со лутиот градски ривал Лос Анџелес клиперс. На крајот на семафорот остана катастрофалниот скор за Лејкерс, 94-142, а во еден момент беше и 50 поени разлика.

– Клиперс намириса крв, виде дека сме преслаби за да пружиме посериозен отпор и нѐ декласираше – напиша на „Твитер“, Д`Антони.

Столчето сериозно му се тресе бидејќи вториот најтрофеен клуб во историјата на НБА со 16 титули моментно е најслаб во западната коференција со биланс од 21 победа и 41 пораз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top