Во Македонскиот народен театар вечерва во 20 часот ќе биде доделена наградата „Виртуози“. Првата награда „Виртуози“ ја иницираа Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), Македонската филхармонија и Македонската опера и балет беше доделена минатата година. Кој од предложените поединци и институции ќе го добијат признанието решава 11-члено стручно жири – музички и балетски уметници, педагози и теоретичари, а наградата се состои од статуетка од авторката Виолета Коцев, која беше избрана на конкурс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.