| четврток, 6 декември 2018 |

Богатството на Американците достигна нов рекорд

dolari
Вкупното богатство на Американците достигна рекордно ниво во последниот квартал минатата година, благодарение на растот на берзите и враќањето на вредноста на недвижностите.
Имотот на американските домаќинства во последниот квартал на 2013 година е зголемен за 3.000 милијарди долари на 80.700 милијарди долари, се наведува во извештајот на американските Федерални резерви.
Акциите и инвестициските фондови на американските домаќинства бележат раст од речиси 1.700 милијарди долари, односно девет отсто, додека вредноста на нивните недвижности има раст од 400 милијарди долари, што е зголемување од два отсто. Раст бележат и тековните сметки, како и заштедите за пензии и пензиски фондови.
Во податоците на американските Федерални резерви не се земени предвид растот на инфлацијата и бројот на население.
Минатиот месец економисти од универзитетот во Охајо ги пресметаа двата фактори и дојдоа до заклучок дека кон средината на 2013 година вкупното богатство на просечно домаќинство во САД е 14 проценти под рекордот забележан пред рецесијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top