Дисциплинската комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука да казни пет клуба од Уругвај и од Аргентина поради нелегални трансфери на играчи.
Најлошо помина уругвајскиот клуб Суд Америка, кој е казнет со парична казна од 40 илјади швајцарски франци и забрана за трансфери од една година поради тоа што во 2012 година ангажирале, а потоа и препродале шест фудбалери пред тие да дебитираат за тимот.
Индепендиенте, Росарио, Кордоба и Расинг се казнети со од 15 до 45 илјади швајцарски франци.
ФИФА до доказите дојде користејќи ги информациите кои самите клубови ги доставиле преку електронскиот систем за меѓународни трансфери на играчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.