| четврток, 6 декември 2018 |

Џаро: „Икс-фактор“ е наместен, Даниел веќе знае

„Кралот на местенките“ и човекот кој наместил повеќе од 100 фудбалски натпревари насекаде низ Југославија, како што српските медиуми го нарекуваат познатиот македонски менаџер Велибор Џаровски-Џаро, во изјава за српски „Телеграф“ тврди дека „Икс-фактор“ е наместен и дека веќе го предупредил Даниел Кајмакоски дека победата ќе му биде украдена.

Апсолутно мислам дека целото шоу е наместено, а тоа ми беше јасно кога во вторникот испадна Илма. Се сомневав од самиот почеток. Знаете дека во првенствата не ги местат сите натпревари, туку само еден. А, емисијата од вторникот беше наместена. Кога во обложувалница ме прашаа кој ќе испадне, секогаш погодувам, а последниот пат реков дека не смеат да испаднат „Доктори“ и Лукијан затоа што Кристина и Емина би останале без кандидат, а тоа не смее да се случи. Рекоа за Илма дека е премногу млада и дека за тоа ја исфрлуваат. Тоа значи дека кога како јуниори во 1987 година го освоивме Светското првенство, Просинечки и Мијатовиќ не требаа да играат – вели Џаровски.

Иако финалистите ги избира публиката, а жирито ги има само завршните зборови, Џаро тврди дека гласовите намерно се бројат погрешно.

И сами знаете колку луѓе се жалеа дека не можат да гласаат. Не е важно кој гласа, туку кој ги брои гласовите. Сѐ додека продукцијата не состави новинарско жири кое нема да биде потплатено, а гласањето ќе се регулира, ова натпреварување ќе биде наместено. Па, ова е Балкан, овде 90 проценти од работите се наместени. Жал ми е за Даниел, кој покрај Илма е единствениот фаворит. Го предупредив неговиот тим дека финалето ќе биде наместено и да ја известат публиката да не гласаат затоа што ќе бидат украдени – вели Џаро.

На забелешката дека „Икс-фактор“ е шоу со лиценца поради што неговите обвинувања можат да звучат несериозно, Џаровски вели дека тоа нема врска.

Да, ова е странска емисија, но ова е Балкан, приспособено на нашиот менталитет, овде не смее да се случи менторите да останат без кандидат и затоа Маид и Илма мораа да бидат во дуел затоа што Жељко веќе го има Даниел, а Кики Тамара, додека Кристина и Емина имаат само по еден натпреварувач, односно група. Со ова сѐ ви е објаснето – завршува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top