| четврток, 6 декември 2018 |

Облаци и повремен дожд на крајот од работната недела

dozd

Првиот петок од овој март ќе помине во претежно облачно време со повремени врнежи. Сепак, со нешто подождливо време ќе се издвојува југоисточниот дел од земјава. Во планинските региони преку 1.600 метри ќе паѓа слаб снег. Ќе дува претежно слаб северен ветер.

Спред метеопро.мк,  дневниот максимум ќе достигне вредност во границите меѓу 9 и 12 Целзиусови степени во поголем дел од населените места.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе има вредност околу 4 степени, а максималната околу 12. Во скопскиот регион ќе дува претежно слаб северен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top