| четврток, 6 декември 2018 |

Кери: Крим е Украина

keri

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека „Крим е Украина“ откако Парламентот на Автономната Република денеска донесе одлука за припојување на Крим кон Русија.

– Крим е дел од Украина. Крим е Украина. И ние го поддржуваме територијаниот интегритет на Украина и Владата на Украина треба да биде вклучена во секоја одлука – истакна Кери во Рим.

Тој денеска на маргините од конференцијата за Либија разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Шефот на руската дипломатија по средбата со Кери изјави дека не е постигнат договор за решавање на украинската криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top