Специјалниот пратеник на ОН за Крим, Роберт Сери, кој вчера беше принуден да ја прекине својата мисија на полуостровот откако доби закани од проруски вооружени лица, денеска изјави дека има мали шанси да се врати во овој јужноукраински регион, што е под контрола на руските сили.
– Мојата мисија не е завршена – изјави холандскиот дипломат при пристигнувањето на аеродромот во Киев, по неговиот краток престој во Истанбул, каде пристигна синоќа по целодневното патешествие.
Како што пренесе БТА, Сери, кој на Крим беше испратен од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, за да направи анализа на тамошната ситуација, ќе остане во Киев и ќе му помага на заменик генералниот секретар на ОН Јан Елијасон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија



