| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО побара од Русија да ги врати своите војници во базите на Крим

nato grcija

НАТО ја повика Русија да ги врати своите војници во базите на Крим и побара почитување на територијалниот интегритет на Украина.

– Украина е почитуван и долгогодишен партнер на НАТО. Во овие тешки моменти Алијансата застанува на страна на Украина, ги поддржува нејзиниот суверенитет, територијален интегритет и основните принципи на меѓународното право – изјави генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Кризата во Украина денеска ескалира, откако Парламентот во Крим донесе одлука за присоединување на автономната република кон Русија.

Според Расмусен, оваа криза има сериозни последици врз безбедност и стабилноста на евроатланскиот регион како целина.

– Исправени сме пред најголемата закана за европската безбедност по крајот на Студената војна. Пред се бараме од Русија да ги исполни меѓународните обврски и да ја прекине воената ескалација на Крим, а исто така и да ги повлече своите војници во нивните бази и да се воздржи од секаква друга интервенција во Украина – нагласи Расмусен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top