| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА отворила интерна истрага за шпионирање членови на Сенатот

cia-630x406

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) почнала интерна истрага за сомнежите за незаконско шпионирање на членови на Разузнавачкиот одбор на Сенатот, кои ја истражувале тајната програма за методите на испитување на затвореници во времето на администрацијата на Џорџ Буш, јави Танјуг.

Сенаторката Дајен Фајнстајн, која е претседател на Разузнавачкиот одбор на Сенатот, соопшти дека Генералната инспекција на ЦИА почнала внатрешна истрага.

Весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори, претходно објави дека агенти на ЦИА успеале да навлезат во компјутерите што ги  користеле сенаторите при пишувањето на извештајот, во кој се критикува начинот на притворања и испитувања.

Во извештајот на речиси 6.000 страници се заклучува дека има малку докази оти „унапредените техники на испитување“ направиле исчекор во борбата против тероризмот.

Фајнстајн во декември 2012 година, кога нејзиниот сенатски Одбор го усвои извештајот, изјави дека создавањето тајни „црни локации била ужасна грешка”.

Директорот на ЦИА, Џон Бренан, меѓутоа, застана во одбрана на Агенцијата и ги критикувше сенаторите поради „неосновани обвинувања“.

Агенциите наведуваат дека соддржината на извештајот е строго доверлива и засега не е познато дали неговите делови некогаш ќе бидат јавно објавени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top