Кање Вест и Ким Кардашијан закажаа свадба на 24 мај во Париз. Кање Вест ѝ предложи брак на ријалити убавицата пред нејзиниот 33. роденден во октомври минатата година, а малку пред тоа двајцата изјавија дека мечтаат брачната церемонија да се одржи во градот на љубовта – Париз, кој тие го сметаат за свој втор дом. Откако го обиколија версајскиот дворец, Кање и Ким брзо пуштија гласини дека свадбената церемонија ќе се одржи точно таму. Но, тврдењата во медиумите беа категорично одречени од службени лица во еден од најпознатите дворци во Европа. Дополнителни детали за церемонијата сѐ уште не се открени, но самата Кардашијан речиси призна дека ќе ги „изневери“ грандиозните церемонии во името на „суперинтимен амбиент“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.