Во Калифорнија ја искористија „магијата“ на науката и создадоа машина што за три дена ја претвора водата во вино. Новиот изум може да направи различни видови вино, како каберне совињон и шардоне, соопшти „Дејли мејл“. За тоа се користат пликчиња со состојки, се избира посакуваниот вид вино и неговите карактеристики и се вклучува машината. Потоа процесот на ферментација може да се набљудува преку апликација на смартфон, која известува кога е готово виното. Винарот Кевин Бојр и трговецот Филип Џејмс не ја откриваат тајната,тие направиле прототип на машината и се надеваат да обезбедат финансирање за да почнат производство. Ако успеат, ќе ја пуштат во продажба уште до крајот на годината. Машината ќе чини 499 долара, а состојките за производство на едно шише – два долара. Виното е со трајност една-две недели, затоа што се пакува со воздух, а не со инертен гас. Првично смесите за вино ќе бидат за каберне совињон и шардоне од долината Напа, пино ноар од Орегон, тосканско вино од Италија, совињон блан од Сонома, црвено и бело бургундско вино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.