СВР Тетово поднесе кривична пријава за 43-годишната Н.К. од тетовското село Желино, за сторени кривични дела недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
Во понеделникот, во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово, пријавената почнала вербална расправија со Б. Р. (25) од Тетово, по што таа извадила пиштол „лаф“ со калибар 7,65 мм, во кој имало пет куршуми, а истиот го поседувала без дозвола, заканувајќи му се дека ќе го убие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.