| четврток, 6 декември 2018 |

Помалку издадени дозволи за градби, поскапи објекти

gradbi
Во јануари годинава се издадени вкупно 140 одобренија за градење, од кои 102 се на физички лица, а 38 на деловни субјекти. Од вкупно издадените одобренија најмногу 45 се во скопскот регион.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари годинава е забележан пад од 22,7 проценти на издадени дозволи за градба во однос на овој месец претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,4 милијарди денари, што е за 47,4 отсто повеќе во однос на јануари претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 113 (80,8 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 17 (12,1 отсто) за објекти од нискоградба и 10 (7,1 отсто) за објекти за реконструкција.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 632 стана со вкупна корисна површина од 43.778  квадратни метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top