| четврток, 6 декември 2018 |

Украина го губи ЕП 2015, како замена се пријавија Србија, Германија, Грција….

Челниците на ФИБА Европа сериозно размислуваат да ѝ го одземат на Украина правото да го организира следното Европско првенство во кошарка, а конечната одлука ќе биде донесена на 22 март. Дел од медиумите објавија дека тоа ќе се случи 7 дена порано, на седницата на Собранието на ФИБА Европа во Истанбул.

Причината е добропозната, а тоа е нестабилната политичка ситуација во Украина, а како кандидати да ја заменат оваа земја во организацијата на шампионатот се пријавија Србија, Германија, Грција, Литванија, Летонија и Естонија.

Макед0нија преку квалификации треба да се избори за настап на ЕП 2015 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top