Петти пат во Кинотека на Македонија од денеска, 5 март, до сабота, 8 март ќе се одржат „Вечери на женски права“. Во текот на трите дена ќе бидат прикажани три документарни филмови од новата светска и регионална продукција, кои ќе бидат проследени со дебати, а предивидени се и придружни настани.
„Вечерите на Женски права“ ќе почнат со проекција на американскиот документарен филм „Се роди женско” , по што следува дискусија на тема „Кога женско се раѓа и стреите плачат”. Проекцијата е закажана за 20 часот.
В петок (20 часот) ќе биде прикажана проекција на автралискиот документарен филм „Јас сум девојка“ , по што ќе следува дискусија на тема „Колку ги остварувам моите соништа“.
На последната вечер ќе биде прикажана проекција на документарниот филм „Животот не е хавајска песна“ , а „Вечерите на женски права” ќе бидат затворени со дискусија на тема „Семејни односи и проекции за иднината“.
Настанот се организира под покровителство на Град Скопје, во соработка со UN Women, Кинотеката на Македонија, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Институтуот за родови студии при УКИМ, а како партнери се јавуваат и Еквирас асоцијација за еднаквост и права и студентското списание „Излез“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.