
Славниот шкотскиот состав „Симпл мајндс“ вечерва ќе одржи концерт во Спортско-рекреативниот центар (СРЦ) „Кале“. Гостувањето е во рамките на нивната светска турнеја „Најголемите хитови“, а организатори се „Авалон продукција“.
Во Скопје „Симпл мајндс“ ќе настапи во следнава постава: Џим Кер (вокал), Чарли Брчил (гитара и клавијатури), Мел Гејнор (тапани), Енди Гилеспи (клавијатури), Џед Грајмс (бас- гитара) и Сара Браун (придружен вокал). Тие имаат и комплетно сопствена продукција на звук и светло што, според организаторите, ветува незаборавен концерт.
Како предгрупа на концертот ќе настапи „Мизар“, кој ќе промовира дел од материјалот од нивниот нов албум „Шарена крава“. Македонскиот состав ќе настапи ви 20.25 часот, а „Симпл мајдс“ во 21.30 часот.
Вратите за публиката ќе бидат отворени од 19.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


