Водев многу разговори во Брисел и Стразбур, во Европската Комисија, со европарламентарците оваа недела и со господинот Санино – директор на Директоратот за проширување на ЕУ. И сега сум тука лично. Се надевам дека тоа е знак не само за политичките партии во земјата но и за сите ние кои се заинтересирани за она што се случува во земјата. Сакаме оваа земја да успее и се плашиме од моменталната ситуација. изјави попладнево известуачот за Македонија за 24 Вести пред средбата со новинари и претставноици на медиумските организации во Македонија
– Во рамки на заложбите за пристапот на земјата во Европската Унија ова се многу сериозни и осетливи времиња во политиката на вашата земја, вели Ховит, но сметам дека за мене е правилно да бидам тука за да ги сослушам сите партии посебно.
Не сум овластен за да се мешам во внатрешната политика, тоа би било погрешно. Но можам да се обидам да бидам позитивно влијание а во овој случај тоа и ми е намерата.
Утре ќе имате средби со лидерите на политичките партии, која ќе биде најважната порака која ќе им ја пренесете?
– Првин ќе ги сослушам што тие имаат да кажат, пред другите и приватно. Сигурен сум дека ќе бидат искрени со мене а и јас ќе бидам искрен со нив. Но ова е политичка криза и правилно е пред да се изјаснам да слушнам од нив и тоа имам намера да го направам. Ќе имам повеќе да кажам во петок, но ќе им пренесам порака дека настаните во оваа земја не се само сериозни внатре во земјата, но и за иднината на земјата во Европската Унија. Луѓето во Брисел гледаат што се случува, и сето тоа има импликации за аспирациите на земјата да биде членка на ЕУ, но за тоа првин ќе разговарам со лидерите па ќе се изјаснам во петок.
Моќта на меѓународната заедница , колку и да фрустрира ,е да ги нотира состојбите, а потоа преку објективен извештај да ја потсети и предупреди државата да ги реши посочените забелешки. Решавањето е ваша работа вели Ховит а сето тоа влијае за членството во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


