Годинашната победничка на наградата „Оскар“ за најдобра актерка во главна улога, Кејт Бланшет, реши да го прослави овој успех со нова тетоважа.
Во студиото за тетовирање „Шамрок клуб“ во западен Холивуд, ја придружуваа и нејзиниот сопруг, Ендрју Аптон, колешката и несудена добитничка на најважната филмска награда Ејми Адамс и нејзиниот свршеник Дарен ле Гало.

Ова е прв „Оскар“ за австралиската актерка, а новиот украс на својата рака го истетовира веќе следниот ден по церемонијата на доделување на наградите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


