Откако жирито на „Икс-фактор“ во последната емисија пред големото финале одлучи да ја испрати дома Илма Карахмет, 13-годишната Босанка не ги криеше својот бес и разочарување.
Емина Јаховиќ, која беше третата членка од жирито што гласаше Маид да го продолжи натпреварувањето, има статус на „Фејсбук“ со пофалби и кураж за најмладата натпреварувачка Илма, на што таа возврати со коментар кој можеби не е напишан со лоша намера, но сигурно така звучи.

– Ти благодарам Емина, имаш твои деца и да даде Бог да те усреќат како што ме усреќи ти мене – напиша Илма.
Подоцна, во интервју за „Анадолија“, Илма рече дека не заслужила таков третман.
– Искрено, мислам дека не го заслужив ова и можев да одам понатаму, без оглед на моите години. Можеа да ме дисквалификуваат на почетокот, но не го направија тоа. Тогаш Емина рече дека јас сум премлада, но, сепак, одам понатаму. Не мораше да го направи тоа пред крајот, пред финале. Затоа ми е криво. На некој начин, таа не испадна во ред, нејзините коментари ме навредија, исто како и тие на Кристина – рече таа.
Илма додаде дека за неа ова не е крајот.
– На „Икс-фактор“ сѐ стана можно – да испаднат најдобрите, а најлошите да победат. Не мислам лично за мене, навистина, доста добри кандидати испаднаа, а голем број од тие што се лоши продолжија понатаму. Јас веќе реков дека сум задоволна со тоа што го постигнав – завршува таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кој е турскиот милијардер, новото момче на Емина Јаховиќ: Еве на што падна пејачката!
-
Алармантно ослабната: Емина во тешка депресија по разводот (ФОТО)
-
Еве како изгледаше Емина Јаховиќ пред пластичните операции
-
Минува низ најтешките моменти: После објавата за развод, потегот на Мустафа ги растажи сите!


