| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО препорачува користење помалку шеќер

seker

Шеќерот во дневната исхрана треба да биде застапен најмногу пет проценти за да се избегне ризикот по здравјето, како што се прекумерната тежина и расипувањето на забите, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Обединетите нации објавија препорака за консумирање на шеќерот, а во соопштението се укажува на доказите за врската меѓу внесувањето на шеќерот, телесната тежина и забниот кариес.

Напоменето е дека производителите на храна и потрошувачите додаваат таканаречени „слободни шеќери“, како моносахариди и дисахариди, а шеќери има и во сирупите, овошните сокови и овошните концентрати.

– СЗО препорачува да се намали внесувањето на слободните шеќери воопшто – се вели во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top