| четврток, 6 декември 2018 |

Променливо со подолги сончеви периоди

sonce oblaci

Подолги сончеви периоди, особено во источниот крај од Македонија носи овој четврток. Во западниот дел од земјата ќе има нешто повеќе облаци, а локално ќе „проврнува“ слаб дожд, пред се во првата половина од денот. Ќе дува претежно слаб северен ветер.

Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност околу 11°С во поголем дел од населените места, и до 15°С во југоисточните краишта

Во Скопје се очекува променливо облачно време со подолги сончеви периоди и многу мала веројатност за краткотраен слаб дожд. Минималната температура ќе има вредност околу 4°С, а максималната околу 13°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top