| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов по градови и села, Пендаровски во елитен ресторан

Два целосно различни концепти на главните кандидати за претседател на државата покажаа на почетокот на кампањата актуелниот претседател Ѓорге Иванов и фаворитот на СДСМ Стево Пендаровски .

На фотографијата која ја објави „Фокус“ се гледа дека својата кампања Пендаровски ја започнал во еден од рестораните на плоштадот Македонија.

Очигледно Пендаровски не можел да се оттргне од своите навики како професор и кампањата ја почна со однесување кое што обичниот граѓанин најчесто го толкува како искажување на силна доза на елитизам.

libertas pendarovski

Фото: Фокус

Наспроти кандидатот на СДСМ шефот на државата Иванов продолжи со своите активности кои и досега беа исполнети со средби и посети на населени места во внатрешноста  далеку од главниот град со што потврди дека и во кампањата централно место како и во петгодишниот мандат како претседател ќе има обичниот граѓанин.

Во текот на вчерашниот дена претседателот Иванов ги посетил Демир Капија и Гевгелија каде во селата Моин, Мрзенци, Негорци и Прдејци разговараше за проблемите на тамошните граѓани а денеска се сретна со жители на Неготино , Росоман и Кавадарци.

ivanov-kavadarcii

 

Во поширокиот реон на Неготино тој имаше можност да ги посети и селата Долни Дисан, Тимјаник, Тремник, Војшанци, Пепелиште и Криволак каде се информираше за економската и социјална  состојба во овој регион.

За разлика од кандидатот на СДСМ Пендаровски актуелниот претседател веднаш по добиената доверба од речиси 90 % од конвенцијата на ВМРО -ДПМНЕ за кратко време ја доби довербата и од  63.000 граѓани кои се потпишаа за неговата кандидатура.

Пендаровски и луѓето што го кандидираа се одлучија за полесниот начин , тој да не бара поддршка од 10.000 потписи туку кандидатурата да биде формализирана со 30 потписи од пратеничката група на СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top