Контроверзен телефонски разговор меѓу комесарката за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и министерот за надворешни работи на Естонија Урмас Пает кој денеска беше објавен на Јутјуб ја шокираше јавноста.
Разговорот кој бил тајно снимен од службите на поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович, го потврди естонското министерство за надворешни работи. Во него шефот на дипломатијата на Естонија ја информира комесарката дека лидерите на украинската опозиција на Маидан ангажирале снајперисти кои пукале и убивале на двете страни- и во полицијата и во демонстрантите.
– Станува се појасно дека зад снајперистите не стои Јанукович, туку некој од новата коалиција, истакнува Пает и нагласува дека случајот треба да се истражи.
– Па да… тоа е страшно, одговара Ештон.
Со вакви тврдења излегоа соборените власти во Киев уште од првиот ден на судирите, но Западот тврдеше дека снајперистите биле поставени од страна на властите кои наредиле да пукаат во сопствениот народ.
Разговорот меѓу Ештон и Пает е објавен откако шефот на украинската дипломатија го посети Киев на 25 февруари за време на најжестоките судири. Пает ја информира Ештон дека потврда за тврдењата дека исти снајперисти пукале на двете страни добил од лекарите во Киев кои утврдиле дека и демонстрантите и полицајците биле убиени од исто оружје, а во телата биле најдени зрна од ист калибар.
Пред извесно време беше објавен и телефонски разговор меѓу заменик државниот секретар на САД ВИкторија Нуланд и американскиот амбасадор во Киев. Во тој разговор беа отстранети сите шпекулации дека САД не се само пасивен набљудувач во случувата во Украина туку играат клучна улога во составувањето на новата влада во Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија