| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Дипломатот не е киднапиран, само му се заканувале

obedineti-nacii-600x360

Заменикот на генералниот секретар на Обединетите нации, Јан Елијасон  демантира дека специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, Роберт Сери, денеска бил заробен од вооружени лица на Крим.

Елијасон вели дека на Сери му се заканувале, но тој сега е безбеден.

– Тој не е киднапиран, но му се упатени сериозни закани. Тоа треба сериозно да биде осудено -коментира претставникот на ОН.

Претходно, украинското Министертство за надворешни работи соопшти дека  група вооружени лица денеска на Крим го заробиле Сери. Според претставник на Министерството, Сери бил задржан во Симферпољ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top