Естонија вечерва ќе испише нова историска страница во европскиот фудбал, по мечот со Гибралтар, а колекцијата е уникатна, по најмалку еден меч со сите 53 членки на УЕФА.
Гибралтар е последниот фудбалски член од семејството на УЕФА, а Естонците се единствени што играле против сите европски репрезентации.
„Ние и претходно бевме единствената репрезентација што играла против сите европски селекции. Кога го примија Гибралтар како рамноправна членка на УЕФА, веднаш закажавме пријателска средба со нив. Ќе играме два пати со нив. Колекцијата можеби и не е толку зналајна, но секако е единствена“, изјави престедателот на фудбалската федерација на Естонија, Ејвар Похлак.
Мечот меѓу Гибралтар и Естонија ќе се игра вечерва од 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.