„ Концептот на ДУИ за консензуален кандидат не беше разбран, но некој од кандидатите рефлектира доза на консензуалност“, изјавила пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети.
Веднаш откако во Собранието беше изгласано распуштање на парламентот Мехмети како што пренесува А1 он изјавила дека еден од понудените претседателски кандидати ги исполнува нивните критериуми за консензуален кандидат, но не кажа на кој од кандидатите мисли конкретно. Според се се работи за Стево Пендаровски кандидатот на СДСМ кој вчера ја доби поддршката од конгресот на партијата.
„Номинацијата е друго прашање, а кандидатот како личност е друго прашање. Ние говориме за процеси и концепти, не говориме за конкретни кандидати. Имаме кандидати, и некои се чини како да се обидуваат на некој начин да ја рефлектираат идејата, но тоа не е тоа“, изјавила Мехмети која со изјавата индиректно посочува дека Пендаровски со своето однесување сакал да се приближи кон концептот на ДУИ но партијата на Ахмети не го прифатила како консензуален кандидат .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.