| четврток, 6 декември 2018 |

Артан Груби со тројца поддржувачи до функцијата градски татко

Две години откако на скопското Кале во пресметка меѓу навивачки групи делеше правда, клоци и тупаници, Артан Груби најави дека ќе влезе во трка за скопски градски татко.

Шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на невладината „Разбуди се“, неформалниот лидер на навивачката група „Шверцери“, и поранешен советник за политички прашања во Холандската амбасада денеска собра само тројца поддржувачи на промоцијата на кандидатурата за градоначалник.

Шансата да влезе до вториот круг ја гледа во одлуката на СДСМ да не учествува на локалните избори.

Иако беше осуден на шест месеци условно за учество во инцидентот на Калето, денеска изјави дека настанот ќе го подобри меѓуетничкиот соживот и дека очекува гласови од сите граѓани, независно од етничката припадност. За себе смета дека е најскопско дете од сите кандидати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top