Украинската компанија КПМЕ ќе инвестира во преработката на бакар во три наоѓалишта во Македонија, две во Валандово и едно во Старо Нагорчане, Куманово. Оваа компанија потпиша договор со македонска компанија која ќе работи на геолошки истражувања и бушалски работи на овие наоѓалишта.По завршувањето на првата фаза, односно истражувањата, во план е изградба на фабрика за преработка на бакар и производство на производи од бакар жици, цевки, катализатори.
– Оваа одлука за инвестиција е како резултат на едногодишната работа во Македонија.Имаше повеќе држави каде што планиравме за развој на овој бизнис како во Јужна Африка, Шпанија, Куба и други африкански држави, но се решивме за Македонија каде што почувствуваме најдобра инвестициска клима – изјави заменик претседателот на компанијата КПМЕ, Генидиј Сичов.
Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо истакна дека инвестицијата се очекува да биде повеќе од 100 милиони долари и ќе има 400-500 вработувања.
– По фазата на истражување, ќе биде изградена фабрика каде што со процесот на електролиза ќе се изработуваат бакар, бакарни катоди, бакарни цевки и бакарна жица. Бакарот е берзански производ, па ќе се продава на светскиот пазар согласно побарувачката – истакна Мизо.
Во некои од наоѓалиштата истражувањата ќе бидат подолг период, но кај едно од нив кон крајот на следната и почетокот на 2016 година ќе се изгради фабрика за краен прозивод од бакар што ќе биде прва од ваков вид кај нас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.