СВР Куманово поднесе кривична пријава против 30-годишниот Ф.Ц. од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Неговиот дом бил претресен на крајот на февруари, а полициските службеници пронашле 8,3 грама марихуана, 0,49 грама мешавина од марихуана и тутун и 97 семки од растението „канабис сатива“ со нето маса од 2,2 грама.
Од страна на судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.