ПС Свети Николе поднесе кривична пријава против 51-годишниот З.Д. од Свети Николе, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Имено, пријавениот во текот на 2013 година, како одговорно лице во АД „Џумајлија“-Лозово, ја злоупотребил својата службена положба и ги пречекорил границите на своите службени овластувања, на тој начин што потпишувал договори за цесии и асигнации, без да бидат заведени во деловодните книги и книжени во книговодството на АД „Џумајлија“, при што дел од побарувањата на АД „Џумајлија“ ги отстапувал лично на себе, заради затварање на позајмиците кои тој ги имал дадено на АД „Џумајлија“, а друг дел го отстапувал на странски правни субјекти, со кои АД „Џумајлија“ немала деловни односи, со што го оштетил АД „Џумајлија“ за 86.749 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче: Завршниот извештај за смртта на родилката од Свети Николе го очекуваме идната недела
-
Тешка сообраќајна несреќа во Свети Николе
-
Потресно сведоштво на полицаецот од Свети Николе: Активисти на СДСМ ми ја каменуваа куќата, ме тепаа и ми ја демолираа колата (ВИДЕО)
-
Груевски од Свети Николе: Со пенкалото во рака на 15 октомври да ја зачуваме заедничката цел која се нарекува Македонија