| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена содржината на писмото на Јанукович до Путин: Го молам претседателот на Русија да ги употреби вооружените сили и да воспостави законитост!

На Советот за безбедност, рускиот пратеник Виталиј Чуркин потврдил дека украинскиот претседател Виктор Јанукович му испратил писмо на рускиот претседател Владимир Путин со барање воено да интервенира во Украина.

Под влијание на западните држави, во земјата се случуваат отворени акти на терор и насислтво. Луѓето се прогонуваат поради јазикот и од политички причини. Затоа би го замолил претседателот на Русија, господинот Путин да ги употреби вооружените сили на Руската Федерација за да воспостави законитост, мир, ред, закон и ред, стабилност и одбрана на народот на Украина, стои во писмото кое во Обединетите нации го прочита рускиот пратеник Виталиј Чуркин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top