По лошите резултати минатата сезона многумина се запрашаа дали е крај на добрите игри на најдобриот тенисер на сите времиња Роже Федерер. Но игрите кои ги прикажува најтрофејниот играч на сите времиња со 17 грен-слем титули, покажува дека швајцарскиот ас е далеку од пензија.
Критериумите кои ги постави во текот на сезоната ќе останат сон за многу играчи кои треба да го наследат, но тие можат да бидат уште поголеми.
на прашањето дали Рафаел Надал може да го достигне бројот на освоени грен-слем трофеи на Федерер, самиот тенисер даде интересен одговор.
– Секако дека може. Тој е одличен играч. Но јас сеуште играм – ги потсети Роже Федерер љубопитните новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.