Скандалот со професорката по ликовно образование од Гимназијата во Нови Пазар, Србија, го доби и својот завршеток.
Имено, 40-годишната Наташа Пртинаќ беше уапсена на крајот на јануари годинава, откако поранешната средношколка Т.П. пријави во полиција дека професорката ја малтретира и уценува.
Тие две започнале со врска кога Т.П. била втора година средно, а кога го напуштила училиштето и сакала да ги прекине сите контакти, Пртинаќ почнала да ја уценува, заканувајќи се дека ќе објави компромитирачки фотографии од неа.
Дополнителен шок за јавноста беше и сведочењето на ученичката која во полиција изјавила дека професорката ја подведувала и на нејзините пријателки – лезбејки.
Наташа Пртинаќ во притвор помина околу месец дена, потоа ја призна сексуална обљуба и злоупотреба на положбата, за кои со договор е казнета со 10 месеци домашен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.