Најстарата жена на светот, Јапонката Мисао Окава денеска го прославува 116-от роденден и тоа со своето омилено суши. Окава, која живее во домот за стари лица во Осака, ја посети градоначалникот Такеиро Огура.
Окава е родена на 5 март 1898 година. Се омажила во 1919 и има три деца, две ќерки и еден син. Има четири внуци и шест правнуци. Минатат година доби признание и сертификат од Гинисовата книга на рекорди дека е најстарата жена во светот. Но, еден официјален кинески портал тврди дека во Кина живее жена која има 127 години.
Јапонија има најголем број стогодишници во светот – официјално повеќе од 51 илјада, а повеќе од 87 отсто се жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.