Голем скандал го погоди кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон, откако неговиот поранешен советник и долгогодишен соработник Патрик Рок (62) беше уапсен за поседување детска порнографија.
Скандалот го обелодени Индипендент дури сега, иако се случил кон средината на минатиот месец. Инспекторите на националната агенција за борба против криминалитет упаднале во канцеларијата на Рок во службената резиденција на Камерон на познатата адреса „Даунинг стрит“ број 10 за да го проверат неговиот компјутер и влегле во трага на неговите активности на компјутерската мрежа при што биле откриени извесен број фотографии со злоставувани деца.
– Во вечерните часови на 12 февруари кабинетот на премиерот беше известен за можни прекршоци што се однесуваат на фотографии со злоставувани деца. Целиот случај веднаш беше препуштен на Националната генција за борба против криминалитет. Премиерот е известен за се. Патри Рок е уапсен во неговиот дом рано утрото на 13 февруари, неколку саати откако полицијата ја проследи дојавата до Даунинг стрит, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Дејвид Камерон.
Во соопштението се додава дека полицијата дополнително дошла во резиденцијата на премиерот за да го провери компјутерот. Дополнителни информации од кабинетот на Камерон не се соопштени за случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.