| четврток, 6 декември 2018 |

Илма Карахмет го напушти „Икс-фактор“

Босанскиот дуел го загуби малечката Илма Карахмет. Покрај неа, својата песната за спас ја испеа и Маид Хечимовиќ, но жирито сметаше дека Илма е премлада и пред неа има уште многу време и простор за градење на кариера.

За таа да замине дома гласаа Кристина Ковач, Жељко Јоксимовиќ и Емина Јаховиќ, која напомена дека гласа за Маид, затоа што смета дека ова за него е „последен воз“.

Ова беше прв и последен дуел за 13-годишната пејачка Илам, која во текот на целото шоу важеше за еден од фаворитите.

Ова беше последната емисија во живо од студиото на „Пинк“ телевизија. Следната и последна фаза во натпреварувањето е големото финале на „Икс-фактор“, кое ќе се одржи за помалку од две недели, на 23.март во „Комбанк арена“ во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top