Претладневите часови утре ќе донесат променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Низ целата земја во текот на денот врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намалува. Претежно ќе биде тивко, наместа ќе дува слаб северен ветер и повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.
Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од 10 до 16 степени.
Во Скопје и околината рано изутрина ќе има услови за слаб дожд. Преку денот постепено облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за повремени слаби врнежи од дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.