Украинската армија соопшти дека ги спречила руските морнари да преземат брод во пристаништето Севастопољ.
– Вооружени мажи се приближија до бродот „Славувич“. И се обидоа да се качат на бродот, да ги заробат морнарите и да им го
земат оружјето. Бродот беше нападнат од војници во униформа на руски морнари, кои дојдоа од руски брод. По судирот нападот беше одбиен, се наведува во соопштението на украинското Министерство за одбрана.
Украинското Министерство за одбрана тврди дека руски бродови и понатаму ги блокираат украинските бродови во пристаништето Севастопољ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.