| четврток, 6 декември 2018 |

Лош настап на македонските тенисери на турнирите во Турција и Египет

Лош настап имаа македонските тенисери кои денеска играа турнири во Турција и Египет.

Најдобриот македонски тенисер Димитар Грабул уште на стартот го заврши својот настап на турнирот во Анталија, Турција.

На фјучрс-турнирот „Каја белек’’ кој се игра за награден фонд од 10.000 американски долари, Грабул е поразен уште во првото коло од првиот носител Мирза Башиќ од БиХ, во два сета со 6:3 и 6:2.

Инаку и минатата седмица Грабул беше елиминиран во првата рунда на турнир во Франција.

Во игра на двојки на истиот турнир, но во женска конкуренција настапот во 1.коло го заврши и Лина Ѓорческа која заедно со Анастасија Вдовенко загубија од Италијанките Марина Карегеро и Ана Флорис со 6:4 и 7:5.

На турнирот во Шарм Ел Шеик, Египет, во првата рунда не ја минаа ниту Бесир Дургути и Томислав Јотовски кои во игра во двојки загубија од Горан Марковиќ (Србија) и Иван Неделко (Русија) со 2:1.

Шендрит Деари на истиот турнир заедно со својот партнер Карим Кадри од Египет загубија од аргентинско-мароканската комбинација Матијас Кастро и Меди Зиади со 2:0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top