Долгорочното нарушување на односите меѓу Русија и Европската унија поради Украина е „невидено добра ситуација“ за Норвешка, изјави деновиве еден од водечките аналитичари во земјата богата со нафта.
Ако Русија, поради кризата во Украина го скрати гас за ЕУ, тоа би значело деканеговата цена и производство ќе се зголемат во Норвешка.
– Тоа е невидено добра ситуација – вели Џон Олаисен, аналитичар за нафта и гас, вработен во „Ернст и Јанг“, еден од најголемите светски консултантски компании.
Русија е најголемиот конкурент на Норвешка на пазарот за гас во Европската унија. Уделот на Русија во европскиот пазар е 25 проценти, а Норвешка покрива 20 проценти од потребите за гас на Европа.
Ако Русија го намали снабдувањето за 20 проценти во наредните шест месеци, Норвешка може да го зголеми за истиот процент.
– Тоа е одлично. Звучи цинично, но тоа е тоа – вели норвешкиот аналитичар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка