| четврток, 6 декември 2018 |

Руски воени бродови се упатија кон Крим

Два руски воени бродови, што беа привремено стационирани во источниот Медитеран за следење на ситуацијата во Сирија, утринава минале преку теснецот Босфор на пат кон Црното Море, јави веб-сајтот „Ворлд булетин“.

Руските бродови „Јамал“ и „Саратов“, утринава околу 7.30 часот по локално време, минеле преку Мраморното Море и стигнале до Босфорот, пловејќи во правец на Кримскиот Полуостров.

Истовремено, украинскиот брод „Хетман Сагајдачни“ преку теснецот Дарданели тргнал во правец кон Мраморното Море. Веб-сајтот напоменува дека Босфорот има статус на меѓународни води, иако го пресекува најнаселениот турски град, Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top