| четврток, 6 декември 2018 |

Научници активираа џиновски вирус стар 30.000 години

Француски научници успеаја да оживеат вирус стар 30.000 години, кој е пронајден во длабоките слоеви на сибирскиот траен мраз. Вирусот „Pithovirus sibericum“ по одмрзнувањето повторно станал заразен, но научниците тврдат дека тој не претставува опасност за луѓето или животните.

– Првпат гледаме вирус кој по толку време сѐ уште е заразен – изјави професор Жан-Мишел Клаверие од Националниот центар за научни истражувања (ЦНРС) од францускиот Универзитет Аикс-Марсеj.

Вирусот „Pithovirus sibericum“ е пронајден на длабочина од 30 метри и припаѓа на родот џиновски вируси откриени пред десет години. Тие се толку големи што можат да се видат без микроскоп.

– Вирусот влегува во клетката на амебата се размножува и на крај ја убива клетката. Тој може да ја уништи амебата, но не може да ја зарази човековата клетка – посочи Шантал Абергел од ЦНРС.

Научниците веруваат дека во сибирскиот мраз има и други вируси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top