| четврток, 6 декември 2018 |

Го­вед­ски рол­нич­ки со гра­шок

grasok

По­сен, со ком­пир и со мор­ков, ка­ко чор­ба, со ме­со – свин­ско или те­ле­шко, мо­же и со ме­ле­но ме­со, гра­шо­кот е вку­сен во се­ка­ква ком­би­на­ци­ја. По­себ­но ко­га е млад, свеж. За сре­ќа, го има пре­ку це­ла­та го­ди­на. Че­сто се ко­ри­сти и ка­ко гар­нир во ја­де­ње, но и ка­ко глав­но ја­де­ње. Ние ви пред­ла­га­ме го­вед­ски рол­нич­ки со гра­шок.

Со­стој­ки:

600 гра­ма ме­со од го­вед­ски бут

Мас­ло за ја­де­ње

2 јај­ца

2 пи­пер­ки (цр­ве­на и зе­ле­на)

Еден вр­зоп маг­до­нос

Сол, црн пи­пер

20 гра­ма браш­но

4 до­ма­ти

4 дл су­па

1 ла­жич­ка сенф

250 гр ис­чи­стен гра­шок

500 г ком­пи­ри

4 ла­жи­ци ки­се­ла пав­ла­ка

40 гр пу­тер

Под­го­то­вка: тен­ките шниц­ли од го­вед­ски бут се тол­чат, се по­со­лу­ва­ат и се по­си­пу­ва­ат со црн пи­пер. Во сре­ди­на на истол­че­на­та шниц­ла се ста­ва сви­ткан ом­лет од јај­ца во кој се до­да­ва­ат исеч­ка­ни­те цр­ве­на и зе­ле­на пи­пер­ка.

Ме­со­то и фи­лот се сви­тку­ва­ат во рол­нич­ка, ко­ја се за­вр­зу­ва со ко­нец или се за­ка­чу­ва со чеп­кал­ка. Рол­нич­ки­те се вал­ка­ат во браш­но и се пр­жат на мас­ло.

По­тоа во са­дот со пр­же­ни­те рол­нич­ки се до­да­ва­ат сенф и су­па и по­кри­е­ни се дин­сту­ва­ат 45 ми­ну­ти. Во по­се­бен сад, во со­ле­на во­да, се ва­рат ком­пи­ри­те и гра­шо­кот. Сва­ре­ни, тие се пре­ле­ва­ат со рас­то­пен пу­тер. До­ма­ти­те се сеч­ка­ат на че­твр­тин­ки и не­кол­ку ми­ну­ти се дин­сту­ва­ат во по­кри­ен сад.

Рол­нич­ки­те се слу­жат во пор­це­лан­ска чи­ни­ја, гар­ни­ра­ни со гра­шо­кот, ком­пи­ри­те и со до­ма­ти­те, по­си­па­ни со исеч­кан маг­до­нос и пре­ле­а­ни со ки­се­ла пав­ла­ка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top