| четврток, 6 декември 2018 |

Гаспром го укинува попустот на гас за Украина

gasifikacija-opstina-bac-dusan-bajatovic-1328585176-66902

Руската компанија Гаспром одлучи од април на Украина да и го укине попустот на цената на гасот, изјави денеска извршниот директор на Гаспром, Алексеј Милер, по состанокот со рускиот премиер Дмитриј Медведев.

– Во овие услови, кога Украина не ги почитува своите обврски, ниту договори кои се постигнати со потпишување на амандманите на договорот за намалување на цената на рускиот гас, Гаспром одлучи од почетокот на наредниот месец повеќе да не го применува попустот  – изјави Милер, а пренесе Итар-тас.

– Одлуката на Гаспром  на Украина да и го укине попустот е целосно законска – заклучи рускиот премиер Медведев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top