Кипарскиот Парламент денеска го усвои спорниот Закон за приватизација на државните претпријатија, од чие донесување зависеше исплатата на следната транша од пакетот меѓународна помош во висина од 10 милијарди евра.
На вонредната седница со 30 гласови „за“ и 26 „против“ и ниту еден „воздржан“, Парламентот го усвои Законот, кој минатата недела беше одбиен од пратениците.
За време на седницата неколку стотина демонстранти протестираат против Законот за приватизација, со кој е предвидено да се приватизираат компанијата за дистрибуција на електричнате енергија, телекомот и пристаништата.
Кипарската владејачка коалиција им вети на меѓународните кредитори дека до 5 март ќе го усвои Законот за приватизација, со кој од продажба на компаниите треба да се обезбедат 1,4 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.