| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен таен документ – Британците нема да поддржат санкции против Русија (ФОТО)

THe secret document carried by an official

Таен документ што го содржи нацрт-ставот на Велика Британија за кризата во Украина бил фотографиран додека еден владин службеник го носел во Даунинг стрит, каде што Дејвид Камерон одржа состанок по повод ситуацијата во Крим. Во документот стои дека Британија нема да ги поддржи економските санкции против Русија, пишува „Гардијан“.

Стратегијата на британската влада е да се обиде да ѝ овозможи на Украина помошна рута по која, во случај Русите да ги затворат гасоводите, ќе се снабдуваат со нафта и со гас. Во документот пишува дека не доаѓа предвид воведување трговски санкции. Исто така, намерата на Лондон е да се обиде да ги смири расправите за можни подготовки на воен одговор на руската интервенција во Украина.

Во документот може да се видат некои од ставовите на британската влада како, на пример:

– Рестрикции на визите… но Британија не би требало да поддржи никакви трговски санкции… или да ги затвори за Русија финансиските центри во Лондон.

– ЕУ треба да работи на тоа на Украина да ѝ се обезбеди друг начин на кој ќе се снабдува со гас, ако Русите ги затворат вентилите на гасоводите.

– Британија би требало да се залага за испраќање набљудувачи на ОН (но никако од ЕУ на Крим и во источна Украина).

– Да се притисне Бан Ки-мун да ги повика Русија и Украина на разговори

– Да се обесхрабри секаква расправа (на пример во НАТО) за воени подготовки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top