Министерот за надворешни работи Никола Попоски во рамките на посетата на Женева, каде што учествува на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права, ја посети Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН), соопшти МНР.
Генералниот директор на ЦЕРН, Ролф Дитер Хојер, му ја претстави на министерот Попоски мисијата и активностите на Европската организација за нуклеарно истражување. За време на средбата беа разгледани можности за продлабочување на научната соработка помеѓу македонски научни институции, научници, студенти и ЦЕРН, во согласност со Договорот помеѓу Република Македонија и ЦЕРН потпишан во 2009 година.
Исто така, главните научници му го претставија на министерот еден од најголемите научни експерименти во историјата на човештвото, големиот хадронски судирач (Large Hadron Collider – LHC), преку кој се обидува да се одговори на најсуштествените прашања на физиката, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.